Аталанта со многу среќа ја освои Верона

Аталанта прокнижи нови значајни бодови во битката за највисок пласман во Серија А откако тимот на Џампјеро Гасперини славеше на незгодното гостување против Верона со 1-2.

Шокот по неочекуваната елиминација од ЛШ од Вилјареал придонесе Аталанта нешто послабо да влезе во мечот, а Верона го искористи тоа, стигнувајќи до заслужено водство преку Симеоне.

Гостите успеаја да се вратат и пред крајот на полувремето израмнија преку Миранчук, за пресвртот да го комплетираат со многу среќа во второто полувреме. Холанѓанецот Компајнерс ја имаше улогата на херој, откако неговиот удар од дваесетина метри закачи еден домашен играч, го измами голманот на Верона и заврши во мрежата.

Аталанта со оваа победа сега има 37 бода, само два помалку од лидерот Милан.

Се вчитува...