Атаман: Нема да играме плеј-оф, со среќа на останатите тимови

Актуелниот шампион на Евролигата, Анадолу Ефес се поизвесно е дека нема да го брани трофејот оваа сезона. Истанбулскиот тим кој мораше да слави против Алба Берлин доживеа пораз на гостувањето во Германија на 1.3 секунда пред крајот откако за домаќините стрелаше Лук Сигма.

Предводникот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман по натпреварот го отпиша својот тим од разигрувањето за пласман на „фајнл-фор“ турнирот и им посака среќа на останатите тимови.

„Тоа е резимето на нашата сезона. Нема да играме во плеј-офот. Им посакувам среќа на останатите тимови“, кратко изјави Атаман по крајот на натпреварот.

Се вчитува...