Атланта го уништи Њујорк, па сега е на чекор од полуфинале на Истокот (ВИДЕО)

Атланта славеше против Њујорк со 113-96 и поведе со 3-1 во четвртфиналната серија на Истокот во НБА лигата.

По првото полувреме се чинеше дека Атланта нема да стигне до лесна победа, но тимот од Њујорк се распадна во третиот период.

По три четвртини Атланта имаше одлични 17 поени предност (88-71) и имаа можност со мирна игра да се заврши овој меч. Така и беше. Њујорк не успеа да се врати во натпреварот, па Атланта заслужено дојде до победата во која беше предводен од Јанг со 27 поени и девет скока, а Џон Колинс дополни со 22 поени и осум скока. Кај Њујорк најефикасен беше Џулиус Рендл со 23 поени, а Барет заврши со 21 поен.

Се вчитува...