Атланта убедлива со Шарлот, Њу Орлеанс закажа дуел со Клиперс

Атланта славеше со убедливи 132-103 во плеј-ин натпреварот против Шарлот со што закажа финален натпревар против екипата на Кливленд. До победа поранешниот тим на Перо Антиќ го предводеше Тре Јанг со 24 поени и 11 асистенции, додека српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ додаде 13 поени.

Во финалето од плеј-инот се најде и Њу Орлеанс кој славеше против Сан Антонио со 113-103. Прво име во победата на Пеликанс беше Меколум со 32 поени, 7 асистенции и 6 скока, додека на спротивната страна Васел мечот го заврши со 23 поени.

Во финалето Њу Орлеанс ќе се сретне со Лос Анџелес Клиперес кои го загубија својот плеј-ин натпревар против Минесота.

Се вчитува...