Атлетик Билбао со пресврт победа се пласираше во финалето на Суперкупот на Шпанија

Атлетик Билбао ќе се сретне со Реал Мадрид во финалето од Суперкупот на Шпанија откако во полуфиналниот натпревар против Атлетико Мадрид славеше со 1-2 по пресврт во второто полувреме.

„Јорганџиите“ поведоа преку автоголот на Симон во 62. минута, но тимот од Билбао преку Алверез во 77. минута и Вилијамс во 81. минута успеа да дојде до пресврт.

Како потсетување, претходно „кралскиот клуб“ славеше над Барселона со 3-2 во одличен натпревар во кој победникот беше одлучен во продолжението.

Се вчитува...