Атлетико без проблеми со Хуеска, за задржување на предноста на врвот (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид очекувано лесно, со по еден гол во двете полувремиња, стигна до победа над Хуеска од 2-0 во 32. коло од Ла Лига, по која ја задржа предноста од три бода на врвот во однос на второпласираниот Реал Мадрид.

„Јорганџиите“ поведоа со голот на Кореа во 36. минута.

 

Во второто полувреме конечните 2-0 ги постави Караско со погодокот во 81. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...