Атлетико ја совлада Осасуна и се врати на четвртата позиција (ВИДЕО)

 Атлетико Мадрид успеа да се совземе од шокот по поразот од Леванте дома, и денеска да го совлада тимот на Осасуна на гости и да се врати на четвртото место на табелата.

Избраниците на Диего Симеоне ниту на овој натпревар не доминираа, напротив Осасуна имаше и повеќе шанси и повеќе посед, но на крајот гостите ја однесоа победата од 0-3. Феликс во 3. минута погоди, и ги шокираше домашните. Во миговите кога Атлетико се бранеше од налетите на Осасуна, еден противнапад и асистенција на Феликс до Суарез кој од 35 метри со лоб удар го совлада Херера за 0-2.

Во финишот од средбата, Кореа се запиша во листата на стрелците во 89. минута за убедлив триумф на Атлети.

Во првиот меч од Ла Лига денеска, Вилјареал ја совлада Гранада со 1-4.

Се вчитува...