Атлетико Мадрид бара уште 80 милиони евра од Барселона за трансферот на Гризман

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид отвора „случај Гризман“ и бара уште 80 милиони евра од Барселона за трансферот на Французинот на „Камп Ноу“. Мадридскиот клуб вели дека Барселона го договорила трансферот на Гризман многу порано, додека клаузулата за отштета изнесуваше 200 милиони евра и по правен пат ќе го бара останатиот дел од финансиските средства.

„Сумата која Барселона ја уплати не е целосна за трансферот на Гризман. Имаме докази дека Барселона многу порано преговарала со фудбалерот. Ако успееме тоа и да го докажеме, тогаш ќе ги бараме финансиите по судски пат. Мене лично Гризман многу ме разочара. Сакаше да си оди, тоа ни го кажа во последен момент, а претходно веќе имал разговори со Барселона“, изјави Енрике Серезо, првиот човек на Атлетико Мадрид.

Сега процесот се сели во канцелариите на Ла Лига, можеби и на Арбитражниот суд за спорт во Лозана.

Се вчитува...