Атлетико Мадрид без моќ за гол на гостувањето против Ваљадолид

Атлетико Мадрид заостанува сега три бода зад водечкиот Реал Мадрид по 8. коло во Ла Лига, откако ремизираше без голови на гостувањето против Ваљадолид.

Атлетико и покрај желбата и обидите да дојде до трите бода не успеа да постигне гол кој ќе значеше победа за само еден бод негатива од кралскиот клуб.

Домашните дури и прошуштија можност за триумф, откако Рамирез во 34. минута не успеа да реализира удар од белата точка.

Се вчитува...