Атлетико Мадрид богато го наплати „Винсенте Калдерон“

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид заработи 100 милиони евра од продажбата на две парцели на кои се наоѓаше поранешниот стадион на клубот „Винсенте Калдерон“, а останува уште една парцела која не е продадена.

Се очекува Мадриѓани да бидат побогати за 180 милиони евра од продажбата на комплетниот простор кој го напуштија по завршувањето на сезоната 2016/2017. Последната парцела која Атлетико ја продава е најголема и се простира на 28.481 квадратни метри. Целиот простор каде што се наоѓаше стадионот е со површина од 63.076 метри квадратни.

Нов дом на Атлетико Мадрид од 2017 година е „Ванда Метропоитано“ за чија изградба потрошија 240 милиони евра.

Се вчитува...