Атлетико Мадрид демантира преговори со Хамес Родригез

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, ги демантираше наводите дека на „Ванда Метрополитано“ летово би можел да стигне Хамес Родригез.

„Ние сме заинтересирани за врвни играчи, што Хамес и навистина е. Сепак, далеку сме од негово доведување на „Ванда Метрополитано“. Дали имало преговори? Јас такво нешто не знам“, изјави Серезо.

На Хамес му е соопштено дека за него нема место во тимот на Реал Мадрид каде се врати по двегодишната позајмица во Баерн Минхен. За него беше заинтересиран и Наполи, но сепак негова прва опција е да остане во шпанското првенство.

Се вчитува...