Атлетико Мадрид го продава Гризман, го купува Алексис Санчез?!

Францускиот интернационалец Антоан Гризман е желба на Манчестер јунајтед и овој трансфер вреден околу 100 милиони евра треба да се реализира во летниот преоден рок. Но, тренерот Диего Симеоне ќе има повеќе од соодветна замена, доколку успее да го купи Алексис Санчез, напаѓачот на Арсенал.

Чилеанецот е во преговори за нов договор со „топчиите“, но засега е далеку од реализација, поради големите барања на Санчез за зголемување на годишната плата. Атлетико Мадрид на лето ќе има доволно пари по продажбата на Гризман да ги задоволи апетитите на Алексис Санчез, па се очекува сериозно да ја разгледа понудата на „јорганџиите“.

Санчез има договор со Арсенал до јуни 2018 година, и јасно е дека ако не го продолжи договорот, „топчиите“ ќе сакаат да го продадат претстојното лето. Сепак, списокот на заинтересирани клубови е мошне долг, има опции тој да замине и во Јувентус, Баерн Минхен, па и во Манчестер сити.

Се вчитува...