Атлетико Мадрид ја победи Селта и дојде на -9 од Барселона

Атлетико Мадрид ја оствари 19. победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи ја Селта на „Ванда Метрополитано“ со 2-0. Тимот на Диего Симеоне ја намали негативата во однос на лидерот Барселона на девет бода во пресрет на последните шест кола.

Антоан Гризман го постигна водечкиот гол за Атлетико Мадрид со прекрасно изведен слободен удар во 42.минута. Во вториот дел, Алваро Мората го потврди триумфот со голот во 74.минута од дуелот.

Се вчитува...