Атлетико Мадрид ја потопи „подморницата“

Атлетико Мадрид оствари сигурен триумф (3-1) против Вилјареал и се врати на третото место на табелата во Ла Лига со 43 бода, колку што има и Севилја. Гостите поведоа со голот на Пако Алкасер во 16.минута, но Анхел Кореа успеа да израмни пред полувремето.

Во вториот дел, Атлетико Мадрид стигна до посакуваната цел. Коке погоди за водство во 64.минута, а Жоао Феликс десет минути подоцна го постави конечниот епилог на мечот.

Се вчитува...