Атлетико Мадрид киксна против „фенерџијата“ Еспањол… (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид неочекувано киксна на гостувањето против „фенерџијата“ Еспањол, не успевајќи да дојде до посакуваните три бода во битката за третата позиција на табелата. Во 26. коло од Ла Лига, Атлетико Мадрид стигна до реми (1-1) против каталонскиот тим.

Еспањол имаше предност на полувремето од 1-0, по автоголот на Савиќ уште во 20. минута од средбата.

Атлетико успеа да израмни со голот на Суал во 47. минута од средбата..


Атлетико Мадрид со 44 бода сега е на два бода од третопласираната Севилја.

Се вчитува...