Атлетико Мадрид конечно, по три кола, успеа да победи… (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид, по три кола без триумф, конечно дојде до три бода против Осасуна во 17. коло од Ла Лига, славејќи со 2-0.

„Јорганџиите“ се мачеа во првото полувреме, па успеаја до триумфот да дојдат во последните 25 минути. Најпрво Мората во 67. минута погоди за 1-0, а потоа Саул запечати за конечни 2-0.


По оваа победа, Атлетико Мадрид со 29 бода се проби на четвртата позиција на табелата зад Барселона, Реал Мадрид и Севилја.

Се вчитува...