Атлетико Мадрид му нуди 12 милиони евра на Кавани за две години на „Ванда Метрополитано“

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид испрати официјална понуда за уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани. Раководството на „јорганџиите“ му нуди 12 милиони евра на Кавани за двегодишна соработка во наредниот период. Тренерот Диего Симеоне одамна јасно потенцираше дека посакува да го има во тимот досегашниот напаѓач на Пари Сен Жермен, на кого му истекува договорот со клубот.

Диего Коста најверојатно нема да остане на „Ванда Метрополитано“, а Атлетико Мадрид смета дека 6 милиони евра по сезона ќе бидат доволно искушение за Кавани да се одлучи да преселба во Мадрид. Покрај Атлетико, за Уругваецот сериозно е заинтересиран и калчолигашот Интер.

33-годишниот напаѓач оваа сезона настапи на 22 меча за ПСЖ и постигна седум гола, забележувајќи и две асистенции. Сезоната во Франција е прекината, а Пари Сен Жермен е прогласен за шампион.

 

Се вчитува...