Атлетико Мадрид му нуди нов договор на Јан Облак

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ќе се обиде да го задржи во своите редови словенечкиот голман Јан Облак. Тој е трансферна цел на Пари Сен Жермен, кој го сака како долгорочно решение откако ќе заврши епизодата со Џанлуиџи Буфон. Но, раководството на мадридскиот клуб е подготвено да му понуди нов договор на „словенечкиот ѕид“, како што го нарекуваат шпанските медиуми.

Атлетико Мадрид подготви понуда за Облак според која тој би останал на „Ванда Метрополитано“ до 2022 година, а годишно би заработувал по 10 милиони евра. Но, ПСЖ би понудил и поголема сума за да го привлече на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Во ситуација кога Антоан Гризман повторно се поврзува со заминување во Барселона, јасно е зошто „јорганџиите“ прават се што е во нивна моќ за да не загубат уште еден клучен играч во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...