Атлетико Мадрид остана без „муниција“ и на гостувањето кај Вилјареал

Атлетико Мадрид повторно не успеа да постигне гол и одигра нерешено против Вилјареал 0-0 во воведниот натпревар од 16. коло во шпанската Ла лига.

Иако мечот заврши без голови и двата тима имаа шанси да стигнат до трите бода, но напаѓачите не се снаоѓаа најдобро во клучните моменти. Со ремито Атлетико Мадрид останува на шестата позиција на табелата со 26 бода и само една победа во последните шест првенствени средби. Од друга страна и Вилјареал не е во добра ситуација бидејќи „жолтата подморница“ е шеснаесетта и нема триумф во последните шест натпревари во националниот шампионат.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...