Атлетико Мадрид подобар од Бетис, магија на Мората

Атлетико Мадрид го совлада Бетис на гости со 1-2 и се искачи на четвртата позиција на табелата во Ла Лига со 32 бода, седум помалку од лидерот Барселона.

Анхел Кореа во 58.минута донесе водство за гостите, а Алваро Мората го потврди триумфот со голот во 84.минута. Тој со магичен потег со петица успеа да го совлада домашниот голман.

Почесниот гол за Бетис беше дело на Марк Бартра во судиското продолжение од мечот.

Бетис по поразот падна на 13.позиција на табелата.

Се вчитува...