Атлетико Мадрид „потклекна“ во Сан Себастијан… (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид го запиша четвртиот пораз сезонава во Примера, „потклекнувајќи“ на гостувањето во Сан Себастијан против Реал Сосиедад.

Тимот на Сосиедад славеше со 3-0 со погодоците на Вилијан Хозе во 27. минута и двата гола на Хуанми во 80. и во 92. минута од средбата….

Ова е трета победа на тимот од Сан Себастијан во низа со која и дефинитивно се одлепи од зоната за испаѓање. Атлетико Мадрид, пак, со 71 бод остана на втората позиција на табелата со 12 бода заостанување за првопласираната Барселона, а три бода повеќе од третопласираниот Реал Мадрид.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...