Атлетико Мадрид преку Еспањол, на чекор до Барса и Реал

Атлетико Мадрид ја оствари шестата победа во Ла Лига оваа сезона совладувајќи го Еспањол со 3-1. Гостите имаа водство со голот на Дардер, но потоа составот на Диего Симеоне направи целосен пресврт.

Анхел Кореа пред истекот на првиот дел израмни на 1-1, а во вториот дел Алваро Мората донесе предност за Атлетико Мадрид. Во судиското продолжение, Коке го постави конечниот резултат, 3-1.

Атлетико Мадрид се наоѓа на третата позиција со 24 бода, еден помалку од Барселона и од Реал Мадрид.

Се вчитува...