Атлетико Мадрид се приклучува во трката за Немања Матиќ

Атлетико Мадрид ќе се обиде да го доведе Немања Матиќ во Шпанија во текот на зимскиот преоден рок. Тимот на Диего Симеоне влегува во трка со италијанскиот Милан за потисот на српскиот интернационалец кој не добива многу шанса во Манчестер Јунајтед.

Менџерот Оле Гунар Солскјер ги преферира Мектоминај, Переира и Фред, а Матиќ е лимитиран а само пет премиерлигашки настапи сезонава. Мачестер Јуанјтед наводно го одбил првиот обид на Миолан за трансфер во текот на минатото лето.

Матиќ сака да си заимне и би го направил тоа уште во јануари. Ако оди во Атлетико, тој ќе може и да игра во Лигата на шампионите ако тимот на Симеоне обезбеди пласман во нокаут фазата напролет. Договорот на Матиќ со Јунајтед истекува на крајот од оваа сезона.

Се вчитува...