Атлетико Мадрид се вклучува во трката по Ракитиќ

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид сака да ја искористи ситуацијата на Иван Ракитиќ во Барселона и да го доведе на „Ванда Метрополитано“ во зимскиот преоден рок. Хрватот оваа сезона не е во плановите на Ернесто Валверде и најавува заминување, а најзаинтересирани досега беа италијанските клубови Интер, Милан и Јувентус.

Сепак, Диего Симеоне му нуди можност на Ракитиќ и да остане во Шпанија и да го облече дресот на Атлетико Мадрид. Клубот од шпанската престолнина е подготвен да плати 35 милиони евра за да го доведе одличниот играч за врска во своите редови.

Се вчитува...