Атлетико Мадрид се загреа за Пако Алкасер

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид покажа заинтересираност за ангажман на Пако Алкасер, кој најави заминување од Борусија Дортмунд поради малата минутажа што ја добива во тимот на Лусиен Фавр. По доаѓањето на норвешката сензација Ерик Халанд веројатно би играл и уште помалку, па Алкасер сака да си замине до крајот на зимскиот преоден рок.

Диего Симеоне инсистира да го доведе и Единсон Кавани до крајот на јануари и значително да ја засили навалната линија на Атлетико Мадрид за вториот дел од сезоната. Пако Алкасер би пристигнал како позајмен играч до крајот на првенството, со опција за откупување на договорот. За него постои интерес и од Валенсија.

Се вчитува...