Атлетико Мадрид со победнички печат на сезоната

Атлетико Мадрид славеше со 0-2 на незгодното гостување против Реал Сосиедад, за триумфален печат на оваа натпреварувачка сезона што тимот на Диего Симеоне ја завршува на четвртото место во Ла Лига.

Гостите од Мадрид одлично го отворија натпреварот и во деветтата минута поведоа со погодокот на Лино, по што добрата одбрана им овозможи да останат во водство до самиот финиш. Во 92. минута мадридскиот тим остана со играч помалку по исклучувањето на Саул Нигез, но дури и во таква ситуација Атлетико успеа да постигне и втор гол.

Домаќините се отворија во обид да стигнат до израмнување, а Атлетико го искористи тоа и преку Мандава стигна до конечните 0-2 по одличната асистенција на Алваро Мората.

Се вчитува...