Атлетико со триумф над Џирона се загреа за Дортмунд

Атлетико Мадрид се зацврсти на четвртото место на табелата по денешниот триумф од 3-1 на дуелот против Џирона. Диего Симеоне не експериментираше премногу со составот во пресрет на реваншот од Лигата на Шампионите против Борусија Дортмунд, а Атлетико успеа да стигне до посакуваните бодови иако во раната фаза од мечот се најде во резултатска негатива.

Мечот само што започна, а Џирона ги замолкна домашните фанови на „Ванда Метрополитано“ откако украинскиот голгетер одлично се снајде и го матираше Јан Облак.

Тоа не ги шокираше, туку само дополнително ги мотивираше избраниците на Симеоне, кои преку Гризман експресно на 1-1, а Кореа постигна важен гол пред самиот крај на првото полувреме носејќи водство на домашниот тим. Победникот беше решен во 50. минута откако гостите лошо расчистија по еден центаршут на Де Пол, топката стигна до Гризман кој мајсторски ја смести во мрежата за 3-1.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...