Атомски фудбал – Барса освои само еден бод во Сан Себастијан

Барселона не успеа да ја продолжи победничката серија во „Ла Лига“ откако каталонскиот гигант ремизираше 2-2 на гостувањето против Сан Себастијан. Двете екипи го одиграа еден од најдобрите натпревари сезонава, со отворен фудбал и многу шанси на двете страни, па поделбата на пленот на крајот се чинеше како најреален исход.

Реал Сосиедад прв поведе од пенал, по наивниот старт на Бускетс по еден корнер на домашната екипа. Луис Суарез беше главен играч на Барселона на ова тешко гостување, најпрвин асистирајќи до Гризман за израмнување, а потоа самиот погодувајќи за водство од 1-2 по несебичното додавање на Меси.

Реал Сосиедад не се предаде, продолжи да напаѓа и стигна до заслужено израмнување преку Исак, а домаќините потоа не искористија неколку убави можности да постигнат и трет гол и да го земат целиот плен против актуелниот првак.

Се вчитува...