АТП: Алкараз трета седмица на лидесркото место, ново име во Топ 10

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз овој понеделник ја започна третата седмица на лидерската позиција на АТП листата.

На второто место останува финалистот на последниот овосезонски Грен слем, Каспер Руд, па следуваат Рафаел Надал и Данил Медведев. Новак Ѓоковиќ повторно на седмото место на ранг листата, но овојпат конечно ќе може да освои нови бодови.

Српскиот тенисер веќе некое време не се поместува на листата, пред се поради тоа што не можеше да настапи на турнирите во САД. Но, оваа недела конечно ќе направи промена барем во бодови, бидејќи настапува на турнирот од серијата 250 во Тел Авив, каде во второто коло го чека победникот од дуелот Монтеиро – Андухар.

Од понеделник има едно ново име во најдобрите десет, на последната позиција сега е Италијанецот Јаник Синер, а пад забележа Хуберт Хуркач.

Се вчитува...