АТП куп: Русија, Италија и САД во „групата на смртта“, Ѓоковиќ ќе игра за Србија

Со ждребот во Сиднеј беа одредени групите за премиерното издание на АТП купот кој за првпат ќе се одржи во јануари следната година. Најинтересна ќе биде групата Д, која ќе се игра во Перт, а во неа ќе се сретнат репрезентациите на Русија, Италија, САД и квалификант.

Дел од турнирот ќе биде и првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, кој со својата Србија во групата А ќе се сретне со Франција, Јужна Африка и Квалификант. Сите репрезентации во групната фаза ќе одиграат меѓусебе два сингл и еден дубл меч, а во завршницата ќе се пласираат најдобрите од секој сегмент, и двете најдобропласирани втори репрезентации. Турнирот е на програмата од 3. до 12. јануари и ќе се игра во три австралиски града (Бризбејн, Перт и Сиднеј).

Наградниот фонд ќе биде 15 милиони долари, а на турнирот ќе може да се освојат 750 поени во сингл и 250 во дубл конкуренција.

А група (Бризбејн): Србија, Франција, Јужна Африка и квалификант.

Б група (Перт): Шпанија, Јапонија, Грузија и квалификант.

Ц група (Сиднеј): Швајцарија, Белгија, Велика Британија и квалификант.

Д група (Перт): Русија, Италија, САД и квалификант.

Е група (Сиднеј): Австрија, Хрватска, Аргентина и квалификант.

Ф група (Бризбејн): Германија, Грција, Канада и Австралија.

Се вчитува...