АВАНТУРА со Државна Лотарија и KIA SPORTAGE на делницата Виница – Скопје – Виница

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија, ја продолжува својата АВАНТУРА, овој пат во Виница. Среќниот добитник Славчо Стојков и неговите внуки низ улиците на Виница ќе се возат во својот нов автомобил КIA SPORTAGE.Славчо е еден од упорните трагачи по среќата и добивките во инстант лотаријата , па секојдневно гребе по неколку инстант лоза. Порано гребел многу пати ТВИНГОМАНИЈА, а потоа и лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА бил еден од неговите фаворити. По започнувањето на инстант лотаријата АВАНТУРА, таа станува негова омилена игра на среќа па така и овој пат се упатил во Среќното место ВИ – ВАРДАР во Виница и купил неколку инстант лозови АВАНТУРА. Пензионерот од Виница бил пресреќен во моментот кога сфатил дека новиот автомобил КИА СПОРТАЖ, ќе стане негов. Убавата вест веднаш ја споделил со своите најблиски, и ни откри дека убавецот најпрво ќе го вози неговата најстара внука , а другите две внуки сега имаат поголем мотив за полагање на возачки испит.Денес, во Скопје, Државна лотарија на Македонија и Марјана, му ги врачија клучевите, а тој заедно со своите внуки и се израдува на добивката и замина со нов автомобил во Виница.Инаку, инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари., а секој трет лоз е добитен.Играчите на инстант лозот Авантура за само 60 денари имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈАЗА ДОБРО !Комерцијален текст

Се вчитува...