Аврамовиќ: Сега е денот Д, против Олимпијакос нема простор за кикс!

Белградски Партизан утре од 20:30 часот во „Штарк арената“ во Белград го пречекува Олимпијакос во, се чини, одлучувачкиот натпревар за црно-белите да се изборат за место во плеј-ин фазата од Евролигата.

Еден од најдобрите кошаркари на Партизан, Алекса Аврамовиќ е свесен дека ги чека тежок дуел, но смета дека може да дојдат до победата ако се погледнат игрите на домашен терен изминатава сезона.

„Не чека најважниот натпревар, сега нема ниту мал простор за кикс. Играме добро на домашен терен и тоа треба да го искористиме. Олимпијакос е силна екипа, играат феноменално, со одличен тренер, агресивни, цврсти. Ние, од друга страна, ќе ја имаме силната поддршка од трибините. Може само да им се заблагодариме на нашите навивачи за се што прават а на нас е да го дадеме максимумот и да дојдеме до победата“ – вели Аврамовиќ.

Се вчитува...