Аврамовски донесе водство за Вардар на полувреме (ВИДЕО)

Лидерот на табелата Вардар има водство од 0-1 на полувремето од натпреварот против Борец во Велес. Даниел Аврамовски се врати во тимот и го постигна водечкиот гол за „црвено-црните“ против велешкиот прволигаш. Акцијата започна од Али Адем, кој го проигра Цветановски, неговиот шут беше сопрен речиси на гол линијата, но Аврамовски има „убиствен инстинкт“ за голови, натрча и ја затресе мрежата на Борец.

Вардар има водство од 33.минута на дуелот во Велес, а Борец уште 45 минути да се обиде да ја сочува традицијата на непобедливост на домашен терен.

Се вчитува...