Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Даниел Аврамовски ја завршува соработката со словенечкиот прволигаш Олимпија Љубљана, пренесуваат српските медиуми.
Аврамовски во јануарскиот преоден рок заминува од Словенија откако во финишот од есенскиот дел не успеа сериозно да се наметне во првиот тим на љубљанскиот прволигаш.
Според последните информации, интерес за Аврамовски постои од српскиот суперлигаш Вождовац каде би можел да ја продолжи кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА