Аврамовски како Пандев во Струмица, Шкендија убедлива против Османи и Шкупи

Вардар ќе презими на првото место на табелата во Првата лига, откако на гости во Струмица го доби убедливо (0-3) дербито против второпласираниот тим на Академија Пандев. Сега „црвено-црните“ имаат осум бода предност и пред Шкендија и пред Академија Пандев на врвот на табелата.

Даниел Аврамовски со два гола го уништи домашниот состав во 11. и во 69.минута, а во финишот во листата на стрелците се запиша и Владица Брдаровски.

Шкендија нервозата ја „испали“ на Шкупи чиј тренер е Ќатип Османи и славеше со 4-0. Бесарт Ибраими уште во втората минута донесе предност, Стенио Жуниор во 28.минута зголеми на 2-0, а Бесарт Ибраими погоди и од пенал пред крајот на првиот дел. Во второто полувреме Жуниор уште еднаш се запиша меѓу стрелците.

Борец оствари важна победа против Ренова од 1-0. Никола Прелчец уште во петтата минута донесе водство за велешани и успеаја да го сочуваат до самиот крај.

Работнички и Силекс ремизираа 1-1 на арената „Тодор Проески“. Иван Марковиќ во 15.минута, на асистенција на Давид Тошевски, донесе предност за „романтичарите“. Но, Силекс израмни со погодокот на Стефан Ѓуриќ во 61.минута. Тој со одличен удар со глава го совлада Дамјан Шишковски по центаршутот од левата страна.

ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 0-3

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 4-0

БОРЕЦ – РЕНОВА 1-0

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1-1

Табела: Вардар 35, Шкендија 27, Академија Пандев 27, Силекс 24, Македонија ЃП 23, Струга ТЛ 23, Шкупи 22, Борец 19, Ренова 16, Работнички 15.

Се вчитува...