Австралија и Нов Зеланд домаќини на Светското фудбалско првенство за жени 2023 година

Австралија и Нов Зеланд ќе бидат домаќини на Светското првенство за жени во 2023 година, потврди ФИФА. Заедничката кандидатура на овие две држави доби 22 гласа во однос на единствениот против кандидат Колумбија која доби само 13. Мундијалот во 2023 ќе биде првиот на кој ќе настапат 32 репрезентации.

Натпреварите ќе се играат во 12 града, седум во Австралија и пет во Нов Зеланд. Шампионската титула од минатото првенство ќе ја брани репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, на чие чело во моментов е македонскиот тренер Влатко Андоновски.

Се вчитува...