Австралијците не се откажуваат: На Ѓоковиќ му се закануваат пет години затвор!?

Сагата околу Новак Ѓоковиќ и натаму продолжува, а на најдобриот светски тенисер, како што пренесуваат австралиските медиуми, му се закануваат и пет години затвор.

Според новите информации, како што пренесува „Сиднеј морнинг Хералд“, Министерството за внатрешни работи на Австралија ја проширило истрагата поради кршење на условите за изолација во Србија, како и неточни тврдења во обрасците за патување, и недоследност во датумот на неговиот тест за Ковид-19.

Пооделно од сето тоа, пак, се размислува и укинување на визата врз основа на тоа дали прележан коронавирус во претходните шест месеци е валиден исклучок за вакцинација.

Новак Ѓоковиќ денеска преку објава на социјалните мрежи призна дека погрешил кога дал интервју за „Л’Екип“ иако претходниот ден добил позитивен тест на коронавирус.

Се вчитува...