Автогол на Ристевски, реми во ‘македонското дерби’ во Унгарија (ВИДЕО)

Мол Види и Ујпешт ремизираа (2-2) во „македонската дерби пресметка“ од 29. коло во шампионатот на Унгарија.

Мечот го одбележа и автоголот на македонскиот репрезентативец Кире Ристевски во 39. минута со кој Мол Види поведе со 1-0. Но, Ујпешт израмни во 64. минута за да Николиќ во 74. минута повторно ги донесе домашните до предност. Ујпешт дојде до бод благодарение на голот на Херис во 81. минута.

Ристевски го одигра целиот натпревар во одбраната на Ујпешт, додека Бобан Николов ги одигра последните 15 минути за Мол Види. Висар Муслиу, пак, поради повреда не беше воопшто во комбинација за настап.

Се вчитува...