Азар го пропушта шпанскиот Супер куп

Белгискиот интернационалец Еден Азар нема да биде дел од составот на Реал Мадрид на претстојниот Супер куп на Шпанија, бидејќи се уште не е опоравен од повредата на скочниот зглоб, потврди Зинедин Зидан.

„Сигурно нема да игра на Супер купот. Кога ќе се вратиме се надевам дека ќе биде подготвен“, изјави накратко Зидан. 

Реал во сабота игра против Хетафе во Ла лига, а по мечот патува за Саудиска Арабија каде годинава ќе се игра шпанскиот Супер куп. Во полуфиналето ривал на „кралевите“ ќе биде Валенсија, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Барселона и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...