Азар го пропушта Суперкупот на Шпанија

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар ќе го пропушти и Суперкупот на Шпанија, кој на почетокот на следната година ќе се игра во Саудиска Арабија. Тој го повреди скочниот зглоб на мечот против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Тој паузира веќе еден месец, а од „кралскиот клуб“ пренесуваат дека нема да биде во составот и на новото издание на шпанскиот Суперкуп кое стартува на 8. јануари следната година.

Оваа година натпреварувањето ќе се игра во Ф4 систем, а полуфиналните двојки се Валенсија – Реал Мадрид и Барселона – Атлетико Мадрид.

Се вчитува...