Азар го „збесна“ Мадрид: Официјално промовиран во кралскиот дрес (ФОТО)

Еден Азар и официјално е промовиран во нов фудбалер на Реал Мадрид потпишувајќи денеска петгодишен договор со кралскиот клуб.

Белгиецот станува еден од најскапите фудбалери во историјата на најважната споредна работа во светот, сега преземајќи обврска да биде еден од клучните играчи во дресот на „кралевите“.

„Еден, ти си тука каде што сакаше од поодамна да бидеш. Бернабеу е твојата куќа. Реал Мадрид беше твоја голема желба и сега конечна си тука меѓу нас. Тука си само заради твојот квалитет кој те донесе во Мадрид. Добредојде“ – истакна претседателот на Реал, Флорентино Перез пред преполниот „Сантијаго Бернабеу“.

И Азар се заблагодари на огромната поддршка и неверојатното добредојде…

„Не можам да опишам колку сум возбуден. Зборувам сега француски, но ќе се потрудам за брзо да го подобрам мојот шпански. Сакам да се заблагодарам на претседателот, на сите вас кои сте сега тука и на моето семејство кое и во овој момент е со мене на стадионот“ – истакна Азар.

Се вчитува...