Азар ќе биде крал со број „23“ на грбот: Во чест на Џордан, Леброн и на идолот Дејвид Бекам

Белгискиот интернационалец Еден Азар ќе го носи дресот со број „23“ во првата сезона како играч на Реал Мадрид. Тој не ја доби „седумката“ од Маријано Дијаз, а „десетката“ му припаѓа на Лука Модриќ. Се одлучи за 23-ката, поради ненадминливиот Мајкл Џордан, многу го цени и Леброн Џејмс, а во минатото негов идол бил Дејвид Бекам, кој во Реал Мадрид го носеше истиот број на грбот.

Дресот со број „23“ го носеше Иско Аларкон кога пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, а минатата сезона беше сопственост на левиот бек Серхио Регуилон.

Се вчитува...