Азар ќе ја земе „седумката“ на Роналдо во Реал

Реал Мадрид ги објави броевите на фудбалерите за новата сезона, а новата ѕвезда на „кралевите“ Еден Азар ќе ја носи седумката.

Тоа ќе биде голема одговорност за Белгиецот, бидејќи во минатото големи фудбалери го носеле дресот со тој број, а меѓу нив најпознати се Кристијано Роналдо и Раул Гонзалез.

Азар во Реал Мадрид премина од Челси за сума од 100 милиони евра.

 

Се вчитува...