Белгискиот интернационалец Еден Азар повторно ќе отсуствува од составот на Реал Мадрид по повредата на синоќешниот меч против Леванте во Ла Лига. Тој има делумна фрактура на скочниот зглоб на десната нога и ќе мора да паузира одреден период. Ќе мора дополнително да бидат направени детални медицински тестови за да се открие колку долго ќе биде надвор од терените. Сигурно е дека ќе го пропушти првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, како и „Ел Класико“ кое е на програмата идниот викенд.
Азар нема среќа со повредите откако пристигна во Реал Мадрид. Ова е трета сериозна повреда за него и впрочем обновување на повредата која веќе го оддалечи речиси три месеци од фудбалските терени.
Реал Мадрид со поразот од Леванте (1-0) го загуби и првото место на табелата во шпанскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА