Азар: Не сум играч на Реал, ама сум голем навивач на Зидан

Ѕвездата на Челси, Еден Азар „нема мир“ откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид. Повторно неговото име се спомнува како најголемо засилување на „кралевите“ во летниот период, а Белгиецот употно одбива тоа да го потврди.

„Не сум играч на Реал Мадрид, но сум голем навивач на Зинедин Зидан. Навистина бев среќен што се врати на фудбалот затоа што му е потребен. Неговото враќање е добро за сите навивачи на Реал и сите љубители на фудбалот. Иако, некои нема да бидат воодушевени затоа што Реал полесно победува со Зидан“ – вели Азар и дополнува:

„Мојата иднина не е нешто за кое во моментов сакам да зборувам. Постојат гласини, но имам уште да играм со Челси. Ќе биде супер ако ја освоиме Лигата на Европа и ако се квалификуваме за Лигата на шампионите следната сезона“.

Се вчитува...