Азар подготвен за камбек против Селта

Белгискиот интернационалец Еден Азар конечно ја надмина повредата на скочниот зглоб и се врати на тренинзите на Реал Мадрид, а ќе биде во конкуренција за настап на дуелот од следното коло во Ла Лига против Селта. Тој заработи сериозна повреда на мечот против ПСЖ во Лигата на шампионите кога неговиот сонародник Томас Муние со груб лизгачки старт и оттогаш 80 дена е надвор од ритам. Лекарскиот тим на „кралскиот клуб“ се одлучи да го поштеди од хируршки зафат, а рехабилитацијата сепак се оддолжи.

Азар вчера тренираше самостојно, а од утре треба да му се приклучи на тимот и да одработи неколку тренинзи со полн капацитет по кои ќе биде познато дали и колку ќе може да помогне за дуелот против Селта. „Кралевите“ се наоѓаат на првото место на табелата во Ла Лига со три бода предност во однос на големиот ривал Барселона.

Се вчитува...