Азар постигна првенец, Реал се намачи со Гранада

Реал Мадрид ја совлада Гранада со 4-2 на „Сантијаго Бернабеу“ и се зацврсти на првата позиција на табелата во Ла Лига со 18 бода. „Кралевите“ имаа водство од 3-0, но потоа дозволија гостите да постигнат два гола и да ја вратат неизвесноста на овој дуел. Иако се намачија, фудбалерите на Зинедин Зидан сепак стигнаа до триумф, откако Хамес Родригез во судиското продолжение го реши натпреварот.

Првенецот за Реал Мадрид го постигна и Еден Азар, а во листата на стрелците се запишаа и Карим Бензема и Лука Модриќ. За Гранада, која е второпласирана на табелата, погодија Мачис од пенал и Дуарте.

Се вчитува...