Азар пристигна на „Бернабеу“ и веднаш ги воодушеви навивачите (ВИДЕО)

Белгискиот репрезентативец Еден Азар очекува вечерва официјална промоција во дресот на Реал Мадрид. Белгиецот со кралскиот клуб потпиша петгодишен договор признавајќи дека ги исполнил детскиот сон да заигра во најдобриот светски клуб.

Денеска од 19 часот, Азар и официјално ќе биде претставен на преполниот „Сантијаго Бернабеу“. Голем број навивачи се појавија пред стадионот и неколку часа пред претставувањето сакајќи да го поздрават за време на неговото пристигнување пред лекарските прегледи.

Азар не ја криеше радоста од тој пречек на навивачите кои успеа да ги воодушеви одлучувајќи се да се врати и да подели автограми и фотографии со присутните навивачите. По лекарските прегледи, официјално ќе го потпише договорот па ќе се појави на „Сантијаго Бернабеу“…

 

Се вчитува...