Азар против Барди ќе дебитира за Реал Мадрид во Ла лига

Белгискиот репрезентативец Еден Азар своето деби за Реал Мадрид во Ла лига ќе го има на мечот против Леванте, на нашиот Енес Барди кој ќе се игра по репрезентативната пауза, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Азар тренирал со тимот, а на располагање на Зидан ќе му биде на мечот кој е закажан за 14. септември. Тој на „Сантијаго Бернабе“ пристигна од редовите на Челси за сума од 100 милиони евра.

Се вчитува...