Азар се враќа во тимот, Реал ќе биде многу посилен

Чекањето конечно заврши, Еден Азар ги надмина проблемите со повредата и ќе биде подготвен за настап на дуелот од Копа дел реј против Реал Сосиедад што на програмата е в четврток.

Најголемото летно засилување на Реал имаше проблеми со адаптацијата, а потоа и заработи незгодна повреда на дуелот од ЛШ против ПСЖ, по што следеше пауза од дури 72 дена. Лекарскиот тим не успеа да го оспособи Азар за настап на градското дерби, но „кралевите“ и без помошта на брзоногиот офанзивец славеа над Атлетико и ја задржаа предноста од три бода во однос на Барселона.

На екс-фудбалерот на Челси му е јасно дека досега не оправда ниту дел од вложените пари во него, на 13-те средби во дресот на Реал има само еден гол и две асистенции, но финишот на сезоната е идеална можност за Азар да блесне и да потсети зошто до лани важеше за еден од најдобрите крилни офанзивци во светскиот фудбал.

Се вчитува...